Дома Трансфер зона Интер нема пари да задржи еден од своите најважни фудбалери?

Интер нема пари да задржи еден од своите најважни фудбалери?

Интер сака да го задржи во своите редови одличниот десен бек Дензел Дамфрис и се обидува да го продолжи неговиот договор кој е со важност до летото 2025 година.

Дамфрис, кој одлично се снаоѓа на десната страна во формацијата на Интер 3-5-2, моментално заработува 2,6 милиони евра по сезона во вицешампионот на Европа, а за да остане бара речиси два милиони повеќе (4,5). што во моментов е единствената пречка во преговорите.


Ќе игра ли Елмас против Баерн Минхен!? ↓↓↓


Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер не е подготвен да му понуди на Дамфрис повеќе од 3,5 милиони евра годишно, па не е невозможно тој да замине.

Дамфрис ја игра третата сезона во црно-синиот дрес, а од ПСВ пристигна во 2021 година за речиси 15 милиони евра.

Челзи и Манчестер Јунајтед го посакуваат од ова лето, сега ја следат ситуацијата и сигурно ќе реагираат доколку добијат шанса да го доведат.

Дамфрис е стандарден репрезентативец на Холандија, а за таа селекција одигра 50 натпревари и постигна шест гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед пронајде засилување во Интер, ќе понуди 40 милиони евра

Според пишувањето на островските медиуми, Манчестер Јунајтед почнал да работи на трансферо…