Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со холандскиот репрезентативец, Дензел Дамфрис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Нероаѕурите“ се во потрага по десен бек кој ќе биде замена за Хакими и веруваат дека Дамфрис ќе биде идеално решение.
Дамфрис одигра фантастично на Европското првенство, а медиумите откриваат дека неговата цена во моментов е само 15 милиони евра.
Дамфрис е капитен на ПСВ, но веќе го известил раководството на клубот дека сака да ја промени средината и е заинтересиран за преселба во Милано.
Негов агент е Мино Раиола, кој наводно веќе остварил контакт со Интер и ги започнал преговорите.