Веќе неколку дена на големо се шпекулира дека Един Џеко ќе ја напушти Рома поради несогласувања со тренерот Пауло Фонсека.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Фонсека се налутил на Џеко поради неговите коментари во текот на куп натпреварот со Специја. Тогаш му се заканил со одземање на капитенската лента и исфрлање од тимот.
Раководството на „волчицата“ веќе имало контакт со неговиот агент и му порачале дека можи да си бара нов клуб.
Целата ситуација може да ја искористи Интер, бидејќи е познато дека Џеко е голема желба на тренерот Антонио Конте.
„Спортиталија“ пренесува дека Интер остварил контакт со Рома и дека двата клуба почнале преговори за трампа Џеко – Алексис Санчез.
🔴 #ULTIMORA 🔴
— Goal Italia (@GoalItalia) January 28, 2021
Edin Dzeko ⚫️🔵
Alexis Sanchez 🟡🔴
La pazza idea di mercato sull'asse Inter-Roma 😱https://t.co/H6olEVGo8a