Италијанските медиуми пренесуваат дека Барселона и Интер би можеле да направат голема трампа на лето.
Барселона го обновила интересот за Марсело Брозовиќ и сака да го донесе на лето.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Брозовиќ има лоша сезона па Интер сака да се ослободи од неговата висока плата и е спремен да прифати трампа.
Уште во јануари двата клуба преговараа за евентуална трампа во која што требаше да биде вклучен Франк Кеси, но сега Интер покажува сериозен интерес за Ансу Фати.
Фати не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината, а Интер покрај Брозовиќ е спремен да плати и одредена сума во кеш.