Дома Фудбал Италија Интер до крајот на годината добива нови газди?

Интер до крајот на годината добива нови газди?

Eвропскиот шампион Интер до крајот на 2023 година би можел да добие нови сопственици, пренесуваат медиумите од Италија.

Инвеститорската банка „Рејн груп“ пронајде заинтересирана странка од Блискиот Исток која беше подготвена да го купи Интер и тоа според условите кои ќе ги побара актуелниот сопственик, Стивен Жанг.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Според информациите, Жанг е спремен да го продаде Интер за нешто над една милијарда евра.

Жанг има долг за враќање кон инвестицискиот фонд „Оуктри“ со рок до мај 2024 година. Долгот на кинескиот бизнисмен изнесува околу 275 милиони евра или околу 400 милиони со каматата од 12 отсто.

Меѓутоа се пишува и дека Жанг сакал да ги почека промените на ФИФА и УЕФА кои ќе ја донесат новата Лига на шампиони со поголеми приходи која треба да биде пандан за идејата за Суперлигата. Одлуката треба да биде донесена во следните два месеца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Епска драма на „Олд Трафорд“ – девет голови и триумф на Јунајтед над Лион со голови во 120. и 121. минута (Видео)

Вечерва Манчестер јунајтед и Лион одиграа натпревар за аналите и фудбалската историја во р…