Дома Трансфер зона Интер го сака дефанзивецот  на Реал Мадрид

Интер го сака дефанзивецот  на Реал Мадрид

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на квалитетен дефанзивец, а најново име на списокот е Начо од Реал Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


33-годишниот дефанзивец има договор со „кралевите“ до крајот на сезоната и сериозно размислува да ја промени средината.

Начо целата своја кариера ја мина во Реал Мадрид, но се уште нема ставено потпис на нов договор,а Интер сака да ја искористи ситуацијата.

Интер е во потрага по нов дефанзивец бидејќи Милан Скриниар заминува во ПСЖ, а Начо е одлична прилика бидејќи може да пристигне без обештетување.

„Нероаѕурите“ наскоро ќе стапат во контакт со агентот на Шпанецот и ќе испратат официјална понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…