Дома Трансфер зона Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед


Викендов дерби, до дерби - се враќа клубскиот фудбал!↓↓↓



Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат италијанските медиуми.

Скриниар заминува како слободен агент, Де Врај исто така е на излезна врата, па „нероаѕурите“ сакаат да доведат најмалку еден квалитетен дефанзивец.

Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека на врвот на списокот желби се наоѓа дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Виктор Линделоф.

Јунајтед ги одбил сите понуди за трансфер на 28-годишниот шведски репрезентативец во зимскиот преоден рок, но е спремен да го пушти на лето.

Договорот на Линделоф истекува во јуни 2024 година, а Интер е спремен да понуди 15 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Meси никогаш не бил поблиску до враќање: Познати и деталите од понудата на Барса

Викендов дерби, до дерби - се враќа клубскиот фудбал!↓↓↓ Во текот на вчерашниот ден силно …