Дома Топ вести Ако Лукаку замине, Интер веќе ја одреди замената

Ако Лукаку замине, Интер веќе ја одреди замената

Челзи не се откажува од намерата да го донесе Ромелу Лукаку на „Стенфорд Бриџ“ и спрема нова понуда за Белгиецот.

Интер ја одби првата понуда од 100 милиони евра, но Челзи е спремен во наредните денови да испрати нова понуда од 120 милиони евра, која „нероаѕурите“ тешко ќе ја одбијат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Притоа, „сините“ на Лукаку му нудат двојно поголема плата, односно 15 милиони евра по сезона, па неговиот агент притиска Лукаку да ја прифати понудата.

Последниот збор ќе го има Белгиецот, но Интер веќе почна бара замена, а прва желба е Влаховиќ од Фиорентина.

Сепак, тоа нема да биде лесно бидејќи Фиорентина за неговата слобода бара 60 милиони евра, па како алтернатива се споменуваат Белоти од Торино и Запата од Аталанта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…