Дома Фудбал Иниеста: Педри е иднината на Барселона

Иниеста: Педри е иднината на Барселона

Легендата на Барселона, Андрес Иниеста имаше само пофални зборови за младиот талент на Каталонците, Педри.

18-годишниот Педри оваа сезона добива голема минутажа и веќе се смета за наследник на Иниеста.

„Јасно е дека Педри има голем потенцијал. Мислам дека тој е на идеалното место каде ќе може да продолжи да се развива. Најважно е да остане смирен, но и медиумите да го остават на мир, бидејќи е многу млад“, истакна Иниеста.

„Изгледа дека Педри ужива во својата игра, на теренот воопшто не се забележува дека има само 18 години. Има огромен потенцијал и ако продолжи да се развива ќе биде иднината на Барселона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…