Дома Фудбал Иниеста, искрен: Секако дека ова беше лоша сезона

Иниеста, искрен: Секако дека ова беше лоша сезона

Искусниот фудбалер на каталонскиот гигант не го крие незадоволството од сезоната која заврши.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Андрес Иниеста во кратко интервју за шпанските медиуми призна дека Барса не ги исполнила целите оваа сезона.

„Не ја освоивме Лигата на шампионите, не ја одбранивме титулата шампион во Шпанија и свесни сме дека ова не беше добра сезона за нас“, изјави Иниеста.

Барселона сезоната ја заврши со освојувањето на кралскиот куп, а во текот на минатото лето беше освен и трофејот во Суперкупот на Шпанија, но тоа е мала утеха за каталонскиот гигант.

Иниеста во сезоната која е зад нас одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …