Дома Фудбал Лига на шампиони Инзаги: Ќе ни требаат нозете, главата и срцето во финалето

Инзаги: Ќе ни требаат нозете, главата и срцето во финалето

Во пресрет на финалето од Лигата на шампионите се одржа прес-конференција, а пред медиумите се обрати тренерот на Интер, Симоне Инзаги.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Инзаги е свесен дека пред него и неговиот тим има многу тежок натпревар и дека не се фаворити, но секако, нема предавање.

“Знаеме каков натпревар треба да играме. Знаеме дека Сити во моментов е најдобриот тим во светот. Горди сме што сме во финалето и ќе дадеме се од себе. Мора да бидеме фокусирани и да ги намалиме грешките на минимум “, рече Инзаги, па додаде:

„Не сме опуштени, туку целосно концентрирани. Ќе се бориме против многу силен тим. Средниот ред ќе биде многу важен, ќе ни требаат нозете, главата и срцето во финалето. Ова ќе биде наш 57 натпревар сезонава. Некои натпревари заслужено ги загубивме, а некои заслужено победивме. Заслужено стигнавме до финалето“.

“Имаме можност да запише клупската историја. Ќе биде тешко, но ќе дадеме се од себе. Знаеме што значи овој натпревар за сите во Интер. Навивачите секогаш беа со нас и имаме голема одговорност”. тој додаде.

Натпреварот Манчестер Сити – Интер се игра вечерва во Истанбул со почеток од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Слот сака големо засилување, најдобриот голман во светот може да пристигне во Ливерпул!

Летната сезона донесе неколку навистина интересни одлуки од страна на Управниот одбор на Л…