Дома Фудбал Италија Инзаги: Ми идеше да направам 11 измени на полувремето

Инзаги: Ми идеше да направам 11 измени на полувремето

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги беше разочаран после денешниот натпревар со Киево во кој неговиот тим освои само еден бод.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Лацио го одигра веројатно најлошото полувреме во оваа сезона во кое губеше со 1:0,  а во продолжение Имобиле успеа да погоди за конечни 1:1.

„Да можев ќе ги заменев сите 11. играчи на полувремето. Ми идеше тоа да го направам, но беше невозможно. Три години сум овде тренер, но не паметам некогаш да сме одиграле толку лошо. Ова е нашето најлошо полувреме без дилема.“ – изјави Инзаги и додаде:

„На крајот, освоивме бод но можеби заслуживме и повеќе. Трето реми во низа, тоа по малку фрустрира. Прв пат оваа сезона не сме во првите четири екипи во Серија А.“

Лацио падна на петото место на табелата, а четвртото му го препушти на Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул понуди 100 милиони евра за Диоманде

Ливерпул се активираше во потрагата по сензацијата на РБ Лајпциг, Јан Диоманде, објавува н…