Интер во осминафиналето ќе има тежок предизик, веројатно најтешкиот во сезоната.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Актуелниот шампион на Италија во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе игра против Ливерпул, а првиот дуел на програмата е во среда од 21:00 часот на „Џузепе Меаца“. Тренерот на „нероаѕурите“ Симоне Инзаги верува дека неговиот тим е зрел да игра на ова ниво.




„Долги години не сме играле во осминафиналето, иако ќе биде тешко, ќе се се обидеме да излеземе како победници. Ливерпул е една од најдобрите екипи во Европа, но нашите и грачи заслужуваат да играат вака големи натпревари“.




„На хартија Ливерпул е фаворит, но натпреварите мораат да се играат. Ќе ги замолам играчите да излезат на терен и да бидат слободни да играат фудбал каков што играме. Одлучноста може да направи разлика“, изјави Изнаги.




Изнаги го пофали и Јирген Клоп, а од поединците посебно ги фалеше Трент Александер-Арнолд и Ендрју Робертсон.