Дома Фудбал Италија Инзаги беше на раб на отказ, а сега го направи она што не му успеа на Конте и потсети на Мурињо

Инзаги беше на раб на отказ, а сега го направи она што не му успеа на Конте и потсети на Мурињо

Фудбалерите на Интер вчера на домашен терен го совладаа чешкиот шампион Викторија Плзен со 4:0 и изборија пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој резултат особено го израдува тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги, кој по лошиот старт на сезоната беше блиску и до отказ во миланскиот клуб.

Посебно е интересно што Инзаги успеа да ја помина групата во Лигата на шампионите со Интер, што не му успеа на многу повеќе ценетиот Антонио Конте, со кого „нероаѕурите“ ја освоија титулата во Серија А.

Така Инзаги двапати го водеше својот тим до осминафиналето на елитното натпреварување, такво нешто последен пат на Интер му успеа кога легендарниот Жозе Мурињо ја освои познатата „триплета“ во 2010 година, Португалецот исто така стигна до елиминациската фаза една година порано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…