Дома Фудбал Имобиле: Луис Алберто ме познава подобро од мојата жена

Имобиле: Луис Алберто ме познава подобро од мојата жена

Напаѓачот на Лацио Чиро Имобиле оваа сезона игра во неверојатна форма и во Серија А веќе стигна до бројката од 26 гола.

Имобиле во првенството одигра 24 натпревари и постигна дури 26 гола и го предводи Лацио кој е на само бод од лидерот Јувентус. Лацио последен пат Скудетото го освои во 2000 година.

Италијанскиот голгетер сега ја истакна одличната атмосфера во клубот како една од причините за успехот кој го остварува клубот од Рим.

„На сите им е јасно дека сите во клубот имаме одлични односи. Играњето за Лацио на Олимпико носи неверојатна емоција во секоја натпревар“, изјави Имобиле, а потоа откри какви односи има со одредени соиграчи.

„Лазари повеќе не ми е возач бидејќи слабо ги познава улиците во Рим и морав да му дадам отказ. Луис Алберто ме познава повеќе од мојата жена, секогаш знае каде сум на теренот. Кореа и Каиседо се одлични пријатели и соиграчи, а „наредникот“ Милинковиќ-Савиќ е многу силен играч“, со насмевка зборуваше Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бек, а одигра како гол-машина: Хакими со хет-трик и две асистенции за ПСЖ!

Ашраф Хакими учествуваше во сите пет гола во победата над Ле Авр од 5:1 и го запиша првиот…