Дома Фудбал Имобиле има „кошмари“: Кога и да излезам на „Сан Сиро“ помислувам на таа ноќ…

Имобиле има „кошмари“: Кога и да излезам на „Сан Сиро“ помислувам на таа ноќ…

Еден од најдобрите фудбалери во Серија А, Чиро Имобиле се уште има кошмари поради еден натпревар.

Како што им е добро познато на сите, Италија не успеа да се пласира на Светското првенство Русија, во одлучувачкиот натпревар одигра само 0:0 на „Сан Сиро“ против Шведска. Претходно Швеѓаните на домашен терен славеа со 1:0, па ремито во Италија им донесе огромен успех.

Имобиле во разговор за „Калчомеркто“ откри дека се уште има кошмари поради тој натпревар.

„Се уште имам лоши спомени од тој натпревар и не можам да го преболам тоа што се случи. Мислам дека ќе жалиме дури и кога ќе започне Светското првенство. Тоа е лош момент во нашите кариери, беше прилика да се „извадиме“ за лошиот настап на Мундијалот во 2014. Дали често мислам на таа ноќ? Од тогаш два пати играв на „Сан Сиро“, кога и да излезам на тој стадин размислувам за таа ноќ, беше вистински шок за сите нас“, зборуваше Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…