Дома Фудбал Имобиле го нокаутира Селтик, Шахтјор со важна победа

Имобиле го нокаутира Селтик, Шахтјор со важна победа

Лацио и Шахтјор со победи го отворија претпоследното коло во Лигата на шампионите против Селтик односно Антверпен.

Шахтјор одлично го отвори натпреварот во Хамбург и поведе во 12. минута. Зубков нафрли од левата страна, а Матвиенко беше највисок во скокот и погоди за 1:0, што се испостави како конечен резултат.

Лацио не беше убедлив, но успеа да искористи два кикс во одбраната на шкотскиот тим и во самиот финиш дојде до значајна победа.

Херој беше искусниот Имобиле кој постигна два гола за само три минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…