Дома Фудбал Лига на шампиони Имаше и убави голови и дриблинзи, но победникот на вечерта е – навивач на Шалке! (ВИДЕО)

Имаше и убави голови и дриблинзи, но победникот на вечерта е – навивач на Шалке! (ВИДЕО)

0

ГО ИМАМЕ ПОБЕДНИКОТ!

Вчера во Лигата на шампионите се одиграа два натпревар видовме од се по нешто: Убави голови, потези, провокации…Меѓутоа победата ја однесе – навивач на Шалке!

Во фантастичен натпревар Манчестер Сити со пресврт славеше победа од 2:3 на гостувањето во Гелзенкирхен.

Домашниот тим на полувремето имаше изненадувачка предност од 2:1 откако Бенталеб ги реализираше двата досудени пенали за неговиот тим, но на крајот за нивна жалост не успеаа да стигнат до победата.


Следете го Sportski.mk и на


Одлично расположение владееше помеѓу навивачите на Шалке на трибините во поголемиот дел од натпреварот. Тоа јасно го покажуваат сцените од полувремето на натпреварот, а една од нив привлекува огромно внимание. Навивач на Шалке откако камерите го забележаа го украде шоуто на скапо платените ѕвезди на теренот.

Имено, тој на трибините се прошета со чаша пиво на главата. Додека многумина би стравувале чашата да не падне, тој мирно се уптати кон својот пријател.

Се разбира сите кои беа околу него беа пријатно изненадени од овој потег на навивачот. И не само тие. Видеото на овој навивач со пивото стана супер популарно на друштвените мрежи каде што собра голем број прегледи.

Одредени навивачи од Англија кои се познати како големи фанови на пивото го покануваат овој господин да им се придружи на натпреварите на нивниот клуб.

Навистина интересна сцена која ја доловува целата забава на еден фудбалски натпревар на стадионите ширум Европа.

И за крај уште еднаш – човеку ПОБЕДНИК СИ!

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кек: Македонија е многу активна и воиграна

Македонската фудбалска селекција вечерва на гостувањето кај Словенија освои значаен бод во…