Дома Фудбал „Имаме план, очекувам поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ“

„Имаме план, очекувам поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ“

Македонија утре ја очекува последниот натпревар во квалификациите за Светското првенство во кој имаме прилика со победа да обезбедиме бараж.

Селекторот Милевски очекува поинаков натпревар од оној во Рејкавиќ и се надева на помалку индивидуални грешки.

„Имаме план, индивидуалните грешки се составен дел од спортот и не можеш да ги предвидиш. Ги има во секој натпревар и се надевам дека ние ќе ги направиме помалку. Очекувам различен натпревар од тој во Рејкавиќ. Не знам дали ќе играат дефанзивно како со Ромнија, но како што кажав ние имаме наш план и се надеваме дека ќе го реализираме“.

„Исланд е поинаков тим, имаат различен профил на играчи. Не можам да кажам премногу на таа тема. Утре ќе видиме како ќе се одвиваат работите“, истакна Милевски.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов со лоб го отвори Раков и стигна до четвртиот лигашки гол

Дарко Чурлинов погоди уште во петтата минута на гостувањето кај Раков. Македонскиот напаѓа…