Бобан Илиоски кој беше избран за најдобар спортист на град Скопје изминатава година се пласираше во полуфиналето на Светското првенство кикбокс во Португалија.
Денеска Илиоски лесно и убедливо го совлада Алберт Угринчиќ од Босна со 3:0 во дисциплината до 84 килограми. Оваа победа за македонскиот кикбоксер значи дека има најмалку бронзен медал на собирот на најдобрите во светот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
За место во финалето Илиоски ќе треба да го победи Елјан Алкишиев од Азербејџан.
Од останатите македонски претставници, Андреа Костовска денес беше поразена од Фани Лаура Ковач од Унгарија со 0.3, додека Климент Грозданоски ја чека својата во борба во текот на денот.