Дома Трансфер зона Икарди си ја кажа неговата желба, но се прашува и ПСЖ

Икарди си ја кажа неговата желба, но се прашува и ПСЖ

Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди сака да остане во Галатасарај и по завршувањето на позајмицата за оваа сезона.

Со доаѓањето на Лукас Кампос и Кристоф Галтие во Пари Сен Жермен одредени играчи меѓу кои и Мауро Икарди беа окарактеризирани како „вишок“ и за нив се бараше решение.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Икарди заврши во Галатасарај каде што не му оди лошо, а Аргентинецот сака да остане во турскиот гигант.

“Навистина сакам да останам во Истанбул. Бев со најдобрите играчи во светот во Париз, но ништо не чувствував на улица. Овде е поинаку. Чувствувам голема љубов кон мене”, изјави Икарди.

Аргентинецот, чија романса со Ванда Нара многу влијаеше на неговата кариера, на 17 натпревари во турскиот шампионат постигна десет гола и подели седум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн ја постави цената на Алфонсо Дејвис

Еден од најдобрите бекови во светот, Алфонсо Дејвис речиси сигурно следната година ќе го н…