Дома Топ вести Икарди се сели во гигант од Бундеслигата

Икарди се сели во гигант од Бундеслигата

Мауро Икарди  би можел кариерата да ја продолжи во Бундеслигата и да го облече дресот на Борусија Дортмунд.

Икарди не влегува повеќе во плановите на ПСЖ и „светците“ му порачаа дека слободно може да си бара нов клуб.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Германските медиуми пренесуваат дека Борусија Дортмунд е сериозно заинтересирана да го донесе Икарди во своите редови и веќе стапила во контакт со неговиот агент.

„Милионерите“ се најдоа во големи проблеми откако на Себастијан Алер му беше дијагностициран рак на тестисите, па ќе биде надвор од терените на неодредено време.

Алер требаше да биде замена за Халанд, па сега Дортмунд е во потрага по нов напаѓач и верува дека Икарди би бил идеално решени.

Икарди одби неколку клубови, но Дортмунд игра во Лигата на шампиони и е идеална шанса за него да ја „оживее“ кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси мотивиран: Зошто да се плашиме? – Ќе ја нападнеме Англија!

Вечерва репрезентацијата на Србија ќе го игра својот прв натпревар на Европското првенство…