Дома Топ вести Икарди сака само во Јувентус!

Икарди сака само во Јувентус!

Мауро Икарди ќе го напушти Интер и тоа е јасно после случувањата помеѓу напаѓачот и италијанскиот клуб, доколку не го направи тоа Аргентинецот цела сезона ќе ја помине на трибини.

Икарди се поврзуваше Рома и Наполи, меѓутоа изгледа дека опција за одличниот голгетер е само Јувентус. Токму затоа Ванда во овие моменти не преговара – го чека Јувентус.

Новинарот Алфредо Педула кој важи за доверлив новинар заедно со Николо Шира објавија дека Икарди чека на потег на Јувентус. Шира пишува дека Аргентинецот веќе ги договорил личните услови, плата од осум милиони евра за договор на пет години.

Токму ова е причината поради кои тој не влегува во сериозни преговори со Рома и Наполи иако низ медиумите можеше да се прочита дека овие два клуба се заинтересирани.

Во Јувентус веројатно се чека прво да се ослободат од вишокот фудбалери, па потоа да се направи завршниот потег, односно доведувањето на Икарди. Дека и „старата дама“ нешто планира покажува и фактот што иако Игуаин се уште е во клубот, „деветката“ е слободна.

 

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Михајловиќ се уште има „магија“ во нозете (видео)

Тимот на Болоња попладнево запиша важна победа на домашен терен против Аталанта во Серија …