Дома Фудбал Останато Икарди пред Барселона: Ако пристигнат понуди ќе ги разгледам

Икарди пред Барселона: Ако пристигнат понуди ќе ги разгледам

icardi

Аргентинскиот голгетер испрати јасна порака пред утрешниот натпревар, но и барем малку ја остави вратата за негов трансфер подотворена.

Во договорот на Икарди откупната клазула изнесува 110 милиони евра која важи за клубовите надвор од Италија во првите две недели од јули, а во медиумите многу се пишуваше дека за него заинтересиран е Реал Мадрид.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Има многу гласини. Кога ќе пристигнат понудите ќе ги разгледам, но јас сум среќен во Интер“, изјави Икарди за италијанските медиуми.

Аргентинецот во среда од 21:00 часот ќе игра против Барселона на „Ноу Камп“, токму такму Икарди ја започна кариерата во младинските денови.

„Штета што Меси нема да може да игра, секогаш е убаво да играте против големи играчи. Знаеме дека тоа ќе биде голема загуба за нив, ние можеме да победиме. Имаме квалитет за такво нешто“, истакна Икарди.

Икарди во неделата постигна гол во судиското продолжение во големото дерби против Милан (1:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…