Дома Топ вести Икарди повторно го откачи Интер: Ова е последен пат да зборувам со вас!

Икарди повторно го откачи Интер: Ова е последен пат да зборувам со вас!

Тренерот Спалети и раководството на Интер сакаат што побрзо да се реши проблемото со Мауро Икарди, но поранешниот капитен ја одби подадената рака.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Икарди одбил да се врати во првиот тим на „нероаѕурите“ за претстојниот меч од Лигата на Европа против Ајнтрахт.

Според „Скај Спорт Италија“, Икарди го информирал медицинскиот персонал во Интер и тренерот Лучијано Спалети дека се уште не може да тренира поради наводна болка во коленото.

Последниот натпревар на Икарди во дресот на „нероаѕурите“ беше на 9 февруари, а четири дена подоцна клубот ми ја одзеде капитенската лента.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Спалети и еден од директорите на Интер сакале да ги смират страстите и имале разговор очи во очи со Икарди.

Меѓутоа, Аргентинецот е лут, не сака да се врати во тимот и јасно им соопштил: „Ова е последен пат да разговарам со вас“.

Икарди сега сака да ја разјасни целата ситуација директно со претседателот Жанг, кој се очекува да пристигне во Милано пред градското дерби на 17-ти март.

За да се врати на терените Икарди бара да му биде вратена капитенската лента или клубот преку официјално соопштение да и ги соопшти на јавноста причините поради кои му била одземена.

Ситуацијата очигледно е многу комплицирана, па очекуваме да видиме каков ќе биде расплетот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Навивачите на БиХ направија „лудница“ пред натпреварот на СП (Видео)

Втор е денот од Светското првенство. Како и првиот ден, ќе се одиграат два натпревари. Прв…