Дома Фудбал Икарди: Ви благодарам на честитките, но сега не е време за забава

Икарди: Ви благодарам на честитките, но сега не е време за забава

Интер во последно време се наоѓа во резултатска криза, а Лучијано Спалети се надева дека сето тоа ќе заврши кога Мауро Икарди ќе се врати на терените.

Икарди не играше на последните три натпревари поради повреда, но судејќи според сегашната ситуација наскоро ќе се врати на теренот. Аргентинецот денес го прославува својот 25 роденден, но порача дека не му е до забава.

„Не е време за забава. Роденденот никогаш претходно ми немал вака горк вкус. Интер не игра најдобро, им благодарам на сите за честитките, но сега Интер е најважен“, изјави Икарди и додаде.

„Ќе се вратам брзо и ќе се обидам да помогнам. Не е вистина дека имам потешка повреда на коленото, не знам од каде ви е таа информација“, истакна Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…