Дома Фудбал Изразот на лицето доволно кажува: Пике заработи тешка повреда ?

Изразот на лицето доволно кажува: Пике заработи тешка повреда ?

Жерар Пике на натпреварот против Атлетико Мадрид веројатно ја доживеа најтешката повреда во кариерата.

Пике се повреди после еден час игра откако во еден дуел му настрада коленото. Искусниот дефанзивец остана да лежи и веднаш покажа дека не се чувствува добро.

Фоторепортерите успеале да го фатат изразот на лицето на фудбалерот на Барселона што е јасен знак дека се работи за тешка повреда.

Шпанецот успеа да стане и на нозе да го напушти теренот, меѓутоа тоа го направи со солзи во очите, свесен на ситуацијата дека го чека долга пауза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ангеловски ќе се бори за трофеј во Тајланд: Таџикистан го елиминира Оман

Таџикистан под водство на Игор Ангеловски го совлада Оман со 1:0 и обезбеди финале на Кинг…