Дома Трансфер зона Изненадување: Робен кариерата може да ја продолжи во Премиер лигата?

Изненадување: Робен кариерата може да ја продолжи во Премиер лигата?

0

Холандскиот фудбалер, Арјен Робен после десет години ќе го напушти Баерн Минхен.

Долги години Робен беше еден од лидерите на Баерн Минхен, но изгледа дојде време за разделба.

Својот последен натпревар Робен во дресот на Баерн ќе го одигра во финалето од германскиот куп против Лајпциг кој е закажан за викендот, а кариерата Холанѓанецот би можел да ја продолжи во англиската Премиер лигата.

„Дејли Мејл“ тврди дека Лестер е најголем фаворит за неговиот потпис, а обложувалниците даваат најмал коефициент дека Робен на крајот ќе заврши во овој тим.
Кандидат за доведување на Робен е и неговиот поранешен клуб холандскиот ПСВ, но засега „лисиците“ се истакнуваат како фаворити.

Меѓутоа како што изјави Робен не е исклучена можноста и да стави крај на кариерата.

„Тоа е една од опциите, но не знам што ќе се случи на крајот. Не е лесно да се донесе одлука. Ако продолжам да играм ќе морам да го пронајдам вистинското место, не само за мене, туку и за семејството“, изјави Робен.

Холандскиот фудбалер пред Баерн играше уште за Гронинген, ПСВ, Челзи и Реал Мадрид, а во Минхен пристигна во 2009 година. Дресот на Баерн го носеше на вкупно 308 натпревари и постигна 144 гола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манџукиќ го стопирал трансферот кога видел каде треба да тренира?

Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ би требало да го напушти Јувентус и својата кариера да ј…