Дома Трансфер зона Изненадување: Пјаниќ се враќа во Јувентус

Изненадување: Пјаниќ се враќа во Јувентус

Каталонските медиуми пренесуваат дека Миралем Пјаниќ на крајот на сезоната ќе ја напушти Барселона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па и самиот сака да ја промени средината.

Медиумите изминатите недели го поврзуваа Пјаниќ со неколку клубови, а сега се шпекулира со евентуално враќање во Јувентус.

Имено, Јувентус сака да го врати Пјаниќ во Торино и остварил контакт со Барселона, која е спремна да го пушти 30-годишниот плејмејкер.

Пјаниќ беше дел од Јувентус од 2016 до 2020 година каде се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…