Дома Фудбал Англија ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Откриено кој ќе го наследи Венгер во Арсенал!

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Откриено кој ќе го наследи Венгер во Арсенал!

Долгогодишниот асистент на Јирген Клоп, Жељко Бувач ќе го замени Арсен Венер не клупата на Арсенал, тврди босанското издание на „Правда“.

Вчера стана јасно дека 56-годишниот стартег го напушта Ливерпул, иако официјалното објаснување од клубот беше дека зел одмор до крајот на сезоната.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Според изданието „Правда“ од Бања Лука, кое денес беше цитирано од сите англиски медиуми, не е точна информацијата дека Бувач се скарал со Јирген Клоп и затоа го напушта Ливерпул.

Точно е дека, според нив, Бувач се согласил да го преземе Арсенал од следната сезона и затоа ќе го напушти Ливерпул!

Бувач, кој е уште познат како „Мозокот“, никогаш не бил самостоен менаџер на некој клуб, а од 2001 година е помошник на Јирген Клоп, во Мајнц, Борусија Дортмунд и Ливерпул.

Бувач е босански Србин и моментално не се наоѓа во Англија, туку во родниот град Омарска, каде ги „полни батериите“ за од следната сезона да влезе на голема врата во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шеф на Баерн потврди дека се воделе преговори за Антони

Спортскиот директор на Баерн (Минхен) Кристоф Фројнд одговори на изјавата на напаѓачот на …