Дома Трансфер зона Изненадување од Островот: Еванс повторно на „Олд Трафорд“?

Изненадување од Островот: Еванс повторно на „Олд Трафорд“?

За дефанзивецот на ВБА Џони Еванс интерес покажуваат неколку клубови од Премиер лигата, но еден од нив посебно го привлече вниманието.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, според информациите од Островот 30 годишниот дефанзивец повторно во кариерата би можел да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.

Еванс за Манчестер Јунајтед одигра 198 натпревар и со овој клуб три пати триумфираше во Премиер лигата.

Неговиот клуб ВБА каде што пристигна во 2015 е пред испаѓање во Чемпионшип и поради тоа очекувањата се тој на лето да ја промени средината.

Дефанзивецот во својот договор има откупна клазула од само три милиони фунти и неколку клубови од Премиер лигата како Манчестер Сити, Арсенал, Лестер и Манчестер Јунајтед во него гледаат одлично решение во ротацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…