Дома Македонски спорт Изненадување од Германија: Чурлинов пред трансфер во Белгија!

Изненадување од Германија: Чурлинов пред трансфер во Белгија!

Oд Германија пристигнуваат изненадувачки вести во врска со иднината на македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов. „Скај Германија“ објави дека Македонецот ги договорил личните услови со белгискиот гигант Андерлехт.

Штутгарт за услугите на Чурлинов бараше сума од пет милиони евра, прво тоа беа три милиони, но по добрите настапи во предсезоната и голот во германскиот куп во првиот официјален натпревар сезонава неговата цена порасна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андерлехт како што се пренесува прифатил да ја плати оваа сума. Обајвено е и дека Чурлинов ќе потпише договор на пет години, односно до летото 2027 година.

Во претходниот период Барнли преговараше за доведување на Чурлинов, но англискиот премиелигаш не сакаше да понуди повќее од три милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Интер го сака дефанзивецот на Манчестер Јунајтед

Приоритет на Интер во летниот преоден рок ќе биде доведување на дефанзивец, пренесуваат ит…