Дома Топ вести Изненадување: Ериксен може во Мадрид, но не во Реал!?

Изненадување: Ериксен може во Мадрид, но не во Реал!?

„Јорганџиите“ изгледа го изгубиле трпението со Хамес Родригез.

Атлетико Мадрид овој преоден рок е и тоа како активен. Го купија Жоао Феликс за 127.5 милиони евра, а после него пристигнаа: Љоренте, Фелипе, Ерера, Хермосо, Трипие, Лоди и Шапоњик.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Но, тоа изгледа нема да биде се од Атлетико во овој преоден рок.

Чоло Симеоне бара и големо засилување на позицијата офанзивен играч за врска, а мадритските медиуми најавуваат дека клубот започнал операција за доведување на Кристијан Ериксен од Тотенхем.

Долго време Хамес беше прва мета, но преговорите се одолговлекуваа, Реал не попушти и Атлетико полека ги крева рацете. Планот Б така стана план А, бидејќи Атлетико нема намера да плати 50 милиони евра за Хамес, но затоа се спремни да платат и повеќе за Ериксен.

Данецот одбива да го продолжи договорот со Тотенхем кој му истекува наредното лето и се надеваше на повик од Мадрид. Флорентино Перез би тргнал посериозно, меѓутоа желбата на Зидан е Погба.

Тука Атлетико може да се истакне во прв план. Претседателот Жил Марин, директорот Берта и тренерот Симеоне се сложија дека Ериксен е профил на играч каков што им е потребен на „јорганџиите“.

Спарсите минатото лето бараа 200 милиони евра за Данецот, но сега не се во ситуација да поставуваат такви услови бидејќи следното лето можат да го изгубат без оштета. Освен тоа Тотенхем е пред ангажман на Ло Селсо кој би требало да биде замена за Ериксен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не шутираат пенали против Сити

Двајца фудбалери на Реал Мадрид побарале да не се на листата изведувачи на пенали во вчера…