Дома Останати Кошарка НБА Изненадување во НБА: Кевин Дурант пред преселба во Њујорк Никси!?

Изненадување во НБА: Кевин Дурант пред преселба во Њујорк Никси!?

0

Долго време во НБА игата се шпекулира за иднината на Кевин Дурант.

Еден од најдобрите играчи на Вориорси наскоро би можел да ја промени средината, а според последните информации негов нов тим има шанси да биде Њујорк Никси.

Претходно многу се пишуваше дека Дурант ќе му се придружи на Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерси меѓутоа тоа изгледа нема да се случи бидејќи сега Никси се фаворити за неговиот потпис.

Во медиумите во САД како причина за заминување на Дурант од ѕвездениот тим на Голден Стејт се истакнува тоа што Дурант сака да биде главна ѕвезда, а тоа не е во редовите на Вориорсите. За тоа дека Дурант сака да се докаже во друг тим се пишуваше и претходно.

Њујорк Никси сигурно дека кога би до довеле Дурант би му обезбедиле астрономски договор, меѓутоа засега бројки во јавноста не се откриваат.

Дурант денес е голема ѕвезда на НБА, а во најсилната кошаркарска лига започна да игра во 2007 година кога беше избран од Оклахома (Сител Суперсоник) како втор пик на драфтот. Во редовите на Голден Стејт пристигна пред три години, а во 2017 и 2018 година беше избиран за МВП на финалето. Дел од НБА Ол стар вечерта беше десет пати.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ваков Мурињо не сме го виделе: Зборуваше колку му недостасува фудбалот и – ќе заплачеше! (ВИДЕО)

Жозе Мурињо веќе долго време не е во фудбалот како тренер, а очигледно тоа му недостасува …