Дома Трансфер зона ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Балотели се сели во Германија

ИЗНЕНАДУВАЊЕ: Балотели се сели во Германија

Борусија Дортмунд е силно заинтересирана во своите редови да го донесе италијанскиот напаѓач Марио Балотели, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на Балотели со Ница истекува на крајот на сезоната и ќе биде слободен агент. Италијанецот синоќа го постигна својот 18-ти гол оваа сезона.

Интерес за Балотели од поодамна покажуваат Рома и Наполи кои веќе започнаа преговори со неговиот агент, Мино Раиола.

Сега во траката за неговиот потпис се вклучи и Борусија Дортмунд, која според медиумите му нуди најдобри финансиски услови на Италијанецот.

Иако до пред неколку дена се трдеше дека Балотели сигурно ќе се врати во Италија, во моментов големи се шансите тој од следната сезона да игра во Бундес лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…