Дома Фудбал Англија Избран фудбалерот на сезоната во Премиер лигата!

Избран фудбалерот на сезоната во Премиер лигата!

Премиерлигашката сезона завршува со утрешните натпревари, а денеска Премиер лигата објави дека најдобар играч на сезоната е Фил Фоден!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден ја доби наградата за најдобар играч на сезоната. Покрај тоа, Фоден го доби и признанието за најдобар играч на сезоната во изборот на фудбалски новинари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со само 23 години, Фоден е еден од клучните играчи на Сити оваа сезона. „Граѓаните“ се на една победа до нова титула, четврта во низа. Доколку успеат, ќе станат првиот тим во историјата со четири последователни титули во Премиер лигата.

Фоден постигна 17 гола и додаде осум асистенции на 34 натпревари кои ги одигра во лигата. Играше практично на две позиции, а е втор по бројот на одиграни минути за клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…