Дома Трансфер зона Игуаин може да направи „романтичен“ трансфер: Размислувам како би било да се вратам

Игуаин може да направи „романтичен“ трансфер: Размислувам како би било да се вратам

Гонзало Игуаин веројатно ја игра својата последна сезона во дресот на Јувентус.

Иако аргентинскиот напаѓач има договор со „старата дама“ до летото 2021 година се почесто се појавуваат гласини за негово враќање во родната земја поточно во Ривер Плата.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Наводно, во Јувентус не би имале ништо против тој трансфер посебно бидејќи би се ослободиле од неговиот голем договор, од друга страна и би направиле „господски“ договор со Ривер. Пример, во случај да се појави некој нов талент за кој ќе се бори пола Европа Јувентус да биде клубот кој ќе има предност во преговорите.

Гласините за евентуалниот таков трансфер ги прокоментира самиот Игуаин.

„Ривер е клуб кој ми даде се, таму станав играчот кој подоцна успеа да се пробие до Јувентус и Реал Мадрид. Што ќе се случи сега, не знам, но мојата глава во овој момент е во Торино. Тимот на Гаљардо е интересен, има квалитет, сила…Кога ги гледате можете да забележите дека деветка им влегува во многу шанси. Логично е некој кој играл за Ривер да ги следи и понатаму. Размислувам како би било да се вратам и да се пензионирам таму“, изјави Игуаин.

Оваа негова изјава само дополнително ги зголеми шпекулациите дека се работи на трансферот. Последен пат дресот на Ривер тој го носеше во 2007 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи и Јувентус се „тепаат“ за дефанзивец на Атлетико

Челзи и Јунтус се борат за потписот на дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваа…