Дома Фудбал Останато Игуаин: Мбапе и Халанд се наследниците на Меси и Роналдо

Игуаин: Мбапе и Халанд се наследниците на Меси и Роналдо

Гонзало Игауин веќе некое време го носи дресот на Интер Мајами во САД.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Игуаин во кариерата постигнуваше голови настапувајќи за Реал Мадрид, Наполи и Јувентус, но во тимот на Девјид Бекам не игра според очекувањата. Сега Игуаин даде изјава во која порача дека според него следно големо ривалство во фудбалот ќе биде помеѓу Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе.

„Роналдо и Меси се доближуваат кон крајот на кариерата и кога тогаш ќе престанат со играњето фудбал, таков е фудбалот. Мислам дека Мбапе и Халанд ќе бидат наследници на нивното ривалство“, изјави Игуаин.

Потоа Аргентинецот доби прашање дали Мбапе би можел во Реал.

„Очигледно е дека Килијан ги поседува си карактеристиски да игра за Реал Мадрид и да носи успех за овој тим“, заврши Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанија аплицираше за титулата со победа над Австрија

Репрезентациите на Шпанија и Австрија завршија со резултат 3:0 во Инглвуд, Калифорнија, во…