Дома Фудбал Италија Играчот на Јувентус за моментот кога дознал дека е позитивен на Ковид-19: Се плашев за мојата бремена девојка

Играчот на Јувентус за моментот кога дознал дека е позитивен на Ковид-19: Се плашев за мојата бремена девојка

Фудбалерот на Јувентус, Даниеле Ругани зборуваше за моментите кога му бил потврден коронавирусот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ругани беше првиот играч во Серија А кај кого беше потврден овој вирус. Сега се чувствува добро, меѓутоа на почетокот бил исплашен.

„Се чувствувам добро и расположено поминав низ чуден месец, но најважно е дека се помина добро. Се започна со страв кога ги слушнав вестите. Се плашев да не го пренесам вирусот на мојата бремена девојка“, раскажа Ругани за „Скај“.

Со цел да ги заштити ги послушал препораките и немал контакт со никој.

„За да бидат сите околу мене безбедни веднаш се повлеков во изолација, тоа беше најкоректно кон сите. Морам да им се заблагодарам на докторите за професионализмот и вештината да не ослободат од стравот“, изјави Ругани.

Ќе потсетиме во Јувентус освен Ругани коронавирусот беше потврден уште кај Дибала и Блез Матуиди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Холандски тренер на чело на гигантот од Ротердам!

Фејенорд реши новата сезона да ја започне со нов тренер. Во клубот одлучија да раскинат со…