Дома Фудбал Играчот на Челзи за малку ќе се откажал од кариерата затоа што агентот му ги крадел парите

Играчот на Челзи за малку ќе се откажал од кариерата затоа што агентот му ги крадел парите

Зад фудбалерот на Челзи Жоргињо е супер кариера, но на почетокот работите не му оделе како што треба.

Жоргињо во минатото бил блиску да се откаже од фудбалот и тоа поради човекот кој во тоа време бил негов агент.

„Агентот ме откри во Бразил после што се преселив во неговата школа и таму поминав две години. Поотоа на 15 години отидов на проба во Верона и поминав. Таму го запознав Рафаел, исто така млад фудбалер со кој станав добар пријател“.

„На Рафаел му кажав дека живеам со 20 евра неделно, а тој веднаш сфати дека нешто не е во ред. Подоцна откривме дека агентот ми ги крадел парите. Во тој момент сакав да се откажам од фудбалот, бев целосно разочаран. Во солзи ја повикав мајка ми и зборував дека повеќе не сакам да играм, но таа не ми дозволи да го направам тоа и ме убеди да продолжам“, изјави Жоргињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…