Дома Фудбал Останато Играчот за кого Роналдо рече дека е подобар од него: Славата го уништи, кокаинот го однесе во затвор

Играчот за кого Роналдо рече дека е подобар од него: Славата го уништи, кокаинот го однесе во затвор

Го споредуваа со Фиго, требаше да биде дел од новата генерација на Португалија предводена од Роналдо, но неговиот фудбалски пат замина во сосема поинаков правец.

Кога Роналдо пристигна во Манчестер Јунајтед во 2008 година изјави дека во Спортиг Лисабон има фудбалер кој е подобар талент дури и од него.

„Ако мислите дека јас сум добар, тогаш почекајте да го видите Фабио Паим“, изјави тогаш Роналдо.

Паим беше голема надеж на португалскиот фудбал и Роналдо во неколку наврати изјави дека ќе биде најдобар на светот. Тој е од Кристиано помлад три години и беше во јуниорите кога Роналдо играше за Спортинг и правеше „чуда“ на тренинг.

Меѓутоа, токму кога Паим требаше да направи исчекор во кариерата тој почна да прави скандали надвор од теренот. Летото 2008 година направи трансфер од Спортинг во Челзи, но само после половина година се врати во Лисабон.

Потоа играше за нисколигаши, а играше и за клубови во Малта, Ангола, Катар, Луксембург, Кина… Денес има 33 години и игра за португалскиот нисколигаш Сао Педро Кова.

Минатата година заврши во затвор откако беше уапсен поради недозволена трговија со дрога. Полицијата пронајде кај него 12 грама кокаин, па помина неколку месеци во затвор.

На Паим сите му предвидуваа голема кариера, а кога самиот Роналдо вели дека сте подобар од него, тогаш сигурно бил чудесен талент, но кога почна добро да заработува се оддаде на разни пороци и си ја уништи кариерата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Жунињо: Нејмар е алчен за пари како и секој Бразилец

Бразилската легенда, Жунињо Пернамбукано удри по Нејмар кој според него го интересираат са…