Дома Фудбал Италија Ибра се прости во свој стил: Со една реченица ги замолкна навивачите на Верона кои го свиреа од трибините

Ибра се прости во свој стил: Со една реченица ги замолкна навивачите на Верона кои го свиреа од трибините

Емотивно беше синоќа во Милано, каде Златан Ибрахимовиќ официјално се прости од дресот на Росонерите – воедно и од активното играње фудбал!

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ибра од трибините го следеше натпреварот со Верона, кој заврши со резултат 3:1 за неговиот тим, а по говорот на теренот ги „спушти“ навивачите на гостинскиот тим со само една реченица додека тие го исфиркуваа.

Само свирете, тоа што ме гледате е вашето најголемо достигнување оваа година – рече Ибрахимовиќ, кој потоа откри дека оди во пензија.

Да потсетиме, веќе беше познато дека тој ќе го напушти Милан на крајот на сезоната. Сепак, се чинеше дека ќе ја засили Монца и ќе одигра уште една сезона, но повредите си го направија своето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус подготвува прва понуда за скандалозниот напаѓач на САД и за поранешниот играч на Милан

Јувентус го задржува својот интерес кон напаѓачот на американската репрезентација Фоларин …