Дома Фудбал Останато Ибра: Не се грижам за Мбапе, туку за Аргентинците, кои нема да освојат ништо повеќе

Ибра: Не се грижам за Мбапе, туку за Аргентинците, кои нема да освојат ништо повеќе


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Златан Ибрахимовиќ не беше импресиониран од однесувањето на аргентинските фудбалери после освојувањето на Мундијалот.

Ибра смета дека ќе ги стигне карма и нема да освојат ништо повеќе, а е сигурен дена Мбапе ќе освои уште еден Мундијал.

„Меси е сметан како најдобар играч во историјата, така што бев сигурен дека ќе победи. Но, сега ќе се случи тоа што го очекувам, Килијан Мбапе пак ќе освои Светско првенство. Не сум загрижен за Меси, туку за другите во Аргентина, бидејќи повеќе нема да освојат ништо“.

„Меси освои се што можеше и ќе биде запаметен, но тие кои се глупираа таму, тоа не може да биде за почит. Ова доаѓа од мене, како професионален фудбалер – можеби ќе освоиш еднаш, но нема да освоиш ништо повеќе. Така не се победува“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов проблем за Анчелоти пред полуфиналето

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Постои голема вероја…