Дома Фудбал Италија Ибра ефект: Милан за само четири дена продаде 100.000 билети

Ибра ефект: Милан за само четири дена продаде 100.000 билети

Златан Ибрахимовиќ пред две недели и официјално се врати во Милан и веднаш покажа дека иако има 38 години се уште може да игра на високо ниво.

Ибрахимовиќ е вистински лидер и покажа дека ќе биде од голема корист за Милан, како на терените, така и надвор од нив.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Со доаѓањето на Ибрахимовиќ се врати ентузијазмот кај навивачите на Милан, кои беа разочарани поради лошата сезона на своите миленици.

Доказ за тоа се продадените 100.000 билети за само четири дена. Имено, на натпреварот против СПАЛ во Купот на „Сан Сиро“ беа присутни скоро 40 илјади фанови, а за мечот во недела против Удинезе веќе се продадени 60.000 билети.

Милан денес потврди дека на мечот во недела ќе има нешто повеќе од 60.000 фанови, па се очекува ентузијазмот од трибините да се пренесе и на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…