Дома Фудбал Ибрахимовиќ ја заврши сезоната, но ќе биде спремен за ЕП

Ибрахимовиќ ја заврши сезоната, но ќе биде спремен за ЕП

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ го повреди коленото на неделното дерби со Јувентус.

Деталните прегледи исклучија тешка повреда, но на Ибрахимовиќ му следи рехабилитација од неколку недели.

Тоа значи дека за Ибра сезоната е завршена и ќе ги пропушти последните три меча на „росонерите“.

„Газета дело Спорт“ пенесува дека Ибрахимовиќ сепак ќе биде спремен за стартот на Европското првенство, односно првиот натпревар на репрезентацијата на Шведска против Шпанија, кој ќе се одигра на 14 јуни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Салиба се враќа, но Конса не попушта: Кого ќе жртвува Артета?

Езри Конса ја искористи шансата во одбраната на Арсенал, а враќањето на Вилијам Салиба му …