Дома Фудбал Останато Ибрахимовиќ продолжува да ги поместува границите во МЛС!

Ибрахимовиќ продолжува да ги поместува границите во МЛС!

Искусниот Швеѓанец остава голема трага во Америка.

Златан Ибрахимовиќ се докажа во сите лиги каде што настапуваше, Италија Шпанија, Англија…Секаде каде што оди Ибра е истиот и приредува спектакли.

Со тие спектакли одат и неверојатни бројки, во последното коло неговиот ЛА Галакси беше поразен од Њу Јорк Булс со 3:2, но Ибрахимовиќ забележи гол и асистенција.

Во фудбалот во МЛС тој стигна во март 2018 година во првата сезона тој забележа учинок од 22 гола и десет асистенции. Ибра во натпреварот против Њу Јорк постави нов рекорд.

Сметајќи ги натпреварите од минатата и оваа сезона Швеѓанецот одигра 35 натпревари и беше дел од 43 погодоци (погодуваше или асистираше).

Никој претходно не достигнал вакви бројки на почетокот во МЛС кариерата. Ќе потсетиме, Ибрахимовиќ има 37 години.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вонредна ситуација за „Ел Класико“: Над 3.000 полицајци и специјалци ќе го обезбедуваат мечот

Првото „Ел Класико“ оваа сезона беше одложен поради протестите во Барселона, па конечно на…