ЗЛАТАН ИБРАХИМОВИЌ го даде своето прво големо интервју откако реши да се пензионира на почетокот на јуни годинава.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Швеѓанец реши да стави крај на фудбалската кариера на 41 година, а проговори за се што постигна при гостувањето кај Пирс Морган.
Целото интервју ќе биде објавено во наредните денови, а на Твитер засега се достапни само некои детали од разговорот на шведскиот фудбалер и познатата водителка.
Еден детал особено ја воодушеви публиката кој веќе на големо се споделува на социјалните мрежи.
Имено, Морган го праша Ибрахимовиќ дали е од оние фудбалери кои велат дека постигнувањето голови е подобро од сексот, а Швеѓанецот одговори во свој стил. „Сексот е подобар. Секој што мисли поинаку има проблем во креветот“, рече Ибрахимовиќ.
Coming up this Thursday, don't miss Piers Morgan's VERY uncensored interview with Swedish football legend Zlatan Ibrahimovic…@Ibra_official | @piersmorgan | @TalkTV | #PMU pic.twitter.com/YIyIt2cQ2N
— Piers Morgan Uncensored (@PiersUncensored) October 2, 2023