Јувентус денес го комплетира трансферот на Душан Влаховиќ кој многу веројатно ќе биде најголемиот направен трансфер во овој преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Влаховиќ пристигнува во Јувентус за сума помеѓу 67 и 75 милиони евра, а Србинот во Торино ќе има плата од седум милиони евра. Влаховиќ многу се поврзуваше и со Арсенал, но на крајот сепак се пресели во Торино.




На денешните лекарски прегледи новинарите кои беа присутни го запрашаа агентот на Влаховиќ зошто го одбиле Арсенал и се одлучиле за Јувентус. Одговорот на агентот на фудбалерот бил кратко.
„Јуве е Јуве“, одговорил агетнтот Дарко Ристиќ.