Дома Фудбал Останато Зошто Порто го избркал момчето за кое денес европските гиганти сакаат да платат и 100 милиони евра?

Зошто Порто го избркал момчето за кое денес европските гиганти сакаат да платат и 100 милиони евра?

Сите кои се прашуваа зошто младиот Жоао Феликс вреди 100 милиони евра и зошто европските гиганти сакаат да го доведат, вчера го добија одговорот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


19 годишниот Португалец постигна хет-трик во победата на Бенфика над Ајнтрахт Франкфурт во првиот натпревар oд четвртфиналето во Лигата на Европа.

Покажа Феликс дека не се пишува толку многу за него за „џабе“, а потоа го совладаа емоциите и заплака.

https://youtu.be/DMhV1trmvfo

Изгледа дека на младиот офанзивец на Бенфика засега се му оди како што треба и јасно е дека за неколку години би можел да стане еден од најдобрите светски фудбалери.

Меѓутоа, не одело секогаш се така лесно за младиот Феликс.

Жоао Феликс е роден во Висе, седум години беше член на славната фудбалска академија на Порто, но никогаш не добил вистинска шанса.

Кога имал само 14 години Порто го избркал поради неговата слаба градба. Причина која многу често се слуша за одбивањето на фудбалерите во младинските погони.

Сигурно дека тогаш не му било лесно на Феликс, а загубата на Порто се покажа како голема добивка најголемиот ривал на овој клуб, Бенфика. Гигантот од Лисабон во 2015 година го „собра“ Фелик, а денес овој 19 годишник е еден од нивните најважни играчи.

Феликс во 2017 година од младинскиот тим беше прфрлен во Б тимот на Бенфика, за минатото лето да добие статус на првотимец. Денес ова момче со „ситна градба“ е високо 180 сантиметри, оваа сезона постигна 15 голови и запиша седум асистенции во дресот на Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…