Дома Трансфер зона Зошто Де Геа го загуби местото во првата постава на Шпанија?

Зошто Де Геа го загуби местото во првата постава на Шпанија?

Голманот на Црвените ѓаволи Давид Де Геа имаше турбулентен финиш на сезоната во Јунајтед, а истиот го чинеше статус прв голман во шпанската репрезентација, барем за сега.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На негово место на синоќешниот натпревар против Шведска на голот на Шпанија застана Кепа Аризабалага.

Помошниот тренер во стручниот штаб на Шпанија, Роберто Морено истакна дека моментално Кепа е прв избор поради едноставна причина – подобриот финиш на сезоната и подобрите резултати на голот на Челси.

Инаку, Кепа против Шведска го запиша својот трет натпревар по ред како стартер за Црвената фурија.

„Не мислиме дека времето на Де Геа во Шпанија е завршено. Но, Кепа имаше неверојатен крај на сезоната, ја освои Лига Европа со неколку одлични настапи. Во овој конкретен момент мислиме дека Кепа може да ни помогне на подобар начин.“ – изјави Морено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Meси вечерва може да го урне големиот рекорд на Клосе!

По победите во првите дуели, фудбалските репрезентации на Аргентина и Австрија ќе се сооча…